Добредојдовте во

Хотел Аура

Хотел „Аура“ за незаборавно опуштање покрај Охридското Езеро.

Сместен на самиот брег на Охридското езеро, во непосредна близина на Охрид, со впечатлива глетка на езерската шир која плени, поранешниот хотел „Бетон“, кој сега се ребрендира во хотел „Аура“ нуди можнот за креирање незаборавни спомени.

Во непосредна близина на градот, а сепак притаен меѓу Галичица и Охридското езеро, како да ги спојува планината и крајбрежјето, опкружен со сопствен парк од прекрасно зеленило и дрвја, чии сенки нудат мир и спокојство.

Хотелот „Аура“ го нуди едно од најнезаборавните опуштања со утринско кафе или со романтична вечера, а доживувањата остануваат врежани таму каде се чуваат само најубавите моменти кои се прераскажуваат  како дел од животните приказни.

Со своите 74 високо-модерно опремени соби и апартмани, со врвната услуга и специјалитети, со сопствената плажа со бар, летна тераса со магичен поглед , „Аура“ не остава ниеден гостин да си замине рамнодушен, крунисувајќи ја целата приказна со прекрасни сеќавања кои будат постојана желба за уште едно несекојдневно искуство покрај Охридското Езеро.

ШТО КАЖУВААТ ЗА НАС